Новогодишната реклама на Apple која растури на Youtube

Објавено: 23 November 2017 - 16:24

Љубов на прв поглед меѓу двајца танчери што налетуваат еден на друг во град чии улици и тротоари се покриени со снег е мотивот на новогодишната реклама на „Епл“ што беше објавена вчера. После само еден ден од објавувањето, видеото на официјалниот „Јутјуб“ канал на гигантот достигна гледаност од неколку стотици илјади.