Откачена Youtube идеја од типот „не го правите ова дома“

Објавено: 21 јануари 2020 - 11:46

Мајкл Александар Филип го води YouTube каналот RackaRackа, заедно со неговиот идентичен брат близнак, Дени. Во јануари 2019 година, Мајкл и неговиот тим направиле „поплавен автомобил“ како начин, како што велат тие, да се борат со топлотниот бран кој ја погодил Аделаида. Автомобилот тежел над 4 тони со вода, но некако успеал да се движи и покрај товарот. Во меѓувреме, Мајкл и Џексон носеле опрема за нуркање додека им отпоздравуваат на пешаците.