Патување низ Монголија

Објавено: 14 јануари 2020 - 12:51

Монголија се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Централна Азија. Земјата граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и југозапад. На запад  има допирна точка со Казахстан. Најголем, а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија. Сепак туристите сигурно ќе ги интересира една поинаква, авантуристичка страна која може да ја понуди оваа земја, а доколку се размислувате за нова дестинација, погледнете го видеото.