Производи на Kolpa San за живот во совршена хармонија

Објавено: 29 јануари 2020 - 13:26

Kolpa San е препознатлив бренд на опрема за купатила во Централна и Југоисточна Европа. Водејќи се од фактот дека низ годините идентитетот на просторот драстично се смени, денес бањата ја доживуваме како место за бегство од реалноста, односно време кое го посветуваме на себе. Водата е наша инспирација. Даваме простор и го трасираме патот со нежни, но јасни облици, за да овозможиме живеење во совршена хармонија. Токму затоа, Kolpa San во чекор со трендовите ви нуди иновација во бањата за максимално искористување на секој милиметар од просторот, а при тоа да се добие уживање за сите сетила. Погледнете ја целата понуда во салоните на Sanmarti.