Со „Кајли козметикс“ до заработка од 1 милијарда долари

Објавено: 11 февруари 2020 - 13:49

Може да ја наречете кралица на козметиката, бидејќи покрај семејното богатство, со тој бизнис Кајли Џенер успеа за кратко време да стане милијардерка. Кајли во 2019 година од страна на списанието „Форбс“ беше прогласена за најмлада милијардерка во светот што сама ги има заработено парите.