Стил, а не мода!

Објавено: 13 септември 2018 - 13:21

Приказната за POLO BLUE, култниот парфем на Ралф Лорен, е прераскажана во ова видео од режисерот Брус Вебер. Рекламата евоцира мирна енергија од отворените води и чистото, сино небо и мирис на море, иако не сме таму. Плус и модните парчиња кои ги носат актерите во овој краток филм ќе ви послужат како добар водич за тоа како да се облечете наредното лето. Затоа што ова не е само мода, ова е класика!