Видете ја фраерската колекција на Лени Кравиц

Објавено: 01 август 2018 - 10:47

Лени Кравиц ни ги покажува највредните парчиња на неговата колекција. Меѓу нив се наоѓаат чизмите на Мухамед Али од неговата последна борба, листата на песни на Џими Хендрикс од Вудсток, блузата на Џон Ленон која Лени ја добил како подарок од Јоко Оно за роденден и многу други интересни и скапоцени парчиња од неговата фраерска колекција.