Внатрешноста на јахта за изнајмување која чини 3 милиони долари

Објавено: 08 November 2019 - 12:08

YachtLife е апликација која им овозможува на корисниците да ги разгледаат јахтите што можат да ги изнајмат. Компанијата започна со работа во Мајами, но сега има свои претставништва од Флорида и Колумбија, па се до Италија и Шпанија. Клиентите можат да ја користат апликацијата за изнајмување јахти за еден ден или викенд. Изнајмувањата доаѓаат опремени со капетан и готвач по желба.