Жена - робот ќе патува во вселената

Објавено: 24 јануари 2020 - 08:50

Kaко дел од пробната беспилотна мисија, индиската вселенска  агенција (ISRO) го претстави необичниот робот што треба да оди во вселената подоцна годинава. Роботот го добил името Вајо Митра (што на јазикот санскрит значи пријател во вселената) и е дизајниран да извршува различни функции, вклучително и да одговара на прашања од космонаутите и операции во рамките на системот за поддршка на живот..