Животниот век во најотровното место во светот е 40 години

Објавено: 18 февруари 2020 - 12:21

Иако Чернобил е „бренд“ за локација на катастрофа, сепак најотровното место е Агбогблоши, депонија во Гана во градот Акра. Оваа депонија е вториот најголем центар за процесуирање електронички отпад во западна Африка. Гана годишно увезува околу 215 илјади тони потрошена електроника од странство, првенствено од западна Европа, а притоа создава уште 129 илјади тони отпад годишно. Животниот век на луѓето таму е 40 години.